Панчо и Андреј ги израдуваа малите Тео и Тони (фото)

По веста која ја потресе јавноста за двајцата близнаци Тео и Тони, едни од првите кои се јавија за помош се Панчо и Андреј од дуото ДНК.

И Панчо и Андреј се познати по тоа што речиси секогаш се први да помогнат кога најмногу треба.

Панчо на својот профил објави и заедничка фотографија.

Да се надеваме дека ваквиот гест на познатите пејачи ќе ги поттикне и останатите се со цел близнаците да имаат детство какво што заслужува секое дете.

 

 

Денеска ние бевме ТЕО и ТОНИ. По вчерашната сторија објавена од страна на @А1on.mk за 7-ум годишните близнаци, напуштени од нивните родители и оставени да живеат со нивните дедо и баба во беда, сиромаштија и целосно заборавени од оштеството, веруваме дека нашата иницијативата ќе ја разбуди добрина кај многу по МОЌНИ и ВЛИЈАТЕЛНИ луѓе кои би можеле да им приуштат нормално детство како што имаат сите нивни другарчиња. Сакаме да се заблагодариме на неколку наши соработници кои без никаков проблем излегоа во пресрет на нашите барања и донираа основни работи потребни за нивното секојдневие. Голема благодарност до Жито Маркети за донираните хигиенски средства и дел од храната, АгроТехнА за донираниот фрижидер и учество со дел за машината за перење и КОМ ТРЕЈД дистрибуцијата за донираниот плазма телевизор ТЕСЛА. Ви блгодариме од СРЦЕ Панчо, Андреј, Лазе заедно со ТЕО и ТОНИ #и_ние_сме_ТЕО_и_ТОНИ #днк #тео_и_тони

A post shared by Dj Shorty P aka Pancho (@djshortypofficial) on Dec 20, 2017 at 10:00am PST

 

 

 

20.12.2017 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега