Кели отишла на предавање и веќе никој не ја видел: 20 години подоцна откриена е морничава приказна за 4 убиства

Студентката, 20 годишната Кели Кос исчезнала пред 20 години, а дури сега овој случај доаѓа до крајот. Меѓутоа, се откри страшна приказна за серискиот убиец 57 годишниот Вилијам Луис Рис.

Остатоците на Кели се пронајдени тек минатата година кај Хјустон, а со истрагата се откри дека таа не е единствената жртва, туку само една во низата.

20 годишната Кели Кокс исчезнала на 15 јули во 1997 година. После часот по криминологија отишла во обиколка на затворскиот објект во Дентон во Тексас. Го повикала своето момче и му кажала дека случајно ја заклучила торбата и клучевите во колата, но кога дошол по неа не ја нашол. Кели веќе никогаш не ја видел во станицата.

Минатата година, Рис ја одвел полицијата до местото каде ги закопал нејзините остатоци, како и остатоците на уште една жртва малолетната, 17 годишна Џесика Кејн, Судовите во Тексас и Оклахома го теретат и за убиство на 19 годишната Тифани Џонсон и 12 годишната Лора Смитер.

Лора Смитер била негова прва и најмлада жртва. Ја убил во Оклахома кога имала само 12 години. Лора исчезнала на 3 април 1997 година во Френдсвуд во Тексас, а нејзиното тело е најдено во езерото 17 дена подоцна.

После тоа, ја убил Кели Кокс на 15 јули, а потоа 19 годишната Тифани Џонсон која ја киднапирал од перална на 26 јули 1997 година во Витанија, во Оклахома. Нејзиното тело е најдено ден подоцна, а со обдукција е утврдено дека е силувана и убиена.

Неодамна направените ДНК тестови потврдиле дека Рис ја силувал, но тој и покрај тоа се изјаснил дека не е виновен. Тужителите во Оклахома најавија дека ќе бараат смртна казна.

Четвртата жртва бича 17 годишната Џесика Кејн, ученичка во средно католичко училиште. Таа исчезнала на 17 август 1997 година кога тргнала накај дома од забава во локален ресторан. Нејзиниот камионет и торба се пронајдени на патот И-45.

Рис моментално отслужува казна затвор од 60 години затвор поради киднапирање и кражба во Тексас и поради киднапирањето на 19 годишната Сандра Сапо, која за среќа успеала да побегне и да ја избегне судбината на други жртви на Рис.

Нејзе, како што раскажува таа Рис ја киднапирал со закана со нож и ја натерал да влезе во неговиот камион. Се спасила така што искочила додека бил во движење.

Тој случај, како и останатите четири убиства за кои Рис се терети се случиле во 1997 година, во периодот од четири месеци и тоа за само една година откако убиецот е пуштен од затвор каде служел казна поради киднапирања и сексуално злоставување.

 

 

 

20.12.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега