Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

Пратеникот Антонио Милошоски вечерва пред почетокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го обвинувањето од Никола Груевски вели дека многупати досега разговарале со него во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство. 

Но, вели очигледно нивните сугестии биле прифатено само декларативно.

„Нашите барања се добронамерни, со цел да не дозволиме новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на партијата. Да не дозволиме новиот лидер да биде марионета“- изјави Милошоски.

Тој е еден од  триесетте високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за нов партиски лидер за февруари поради, како што наведоа, нетранспарентен процес.

 

 

 

20.12.2017 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега