Лежечки полицаец каков што немате видено досега- толку е голем што не може да го совлада ниту едно патничко возило

Во Британија духовитоста не недостасува ни кога се во прашање промоциите на поедини автомобили.

Но тука Ленд Ровер можеби најдалеку стигнал. Тој во својата реклама не бира средства, а неретко посегнува и за акробации кои на прв поглед се невозможни.

Нешто слично изведе овие денови на улиците на еден британски град, каде преку ноќ се појави специфичен лежечи полицаец.

Според димензиите е толку голем што не може да го совлада ниту едно патничко возило. Евентуално теренец или СУВ, барем ако зборуваме за Ленд Ровер.

Во конкретниот случај , се работи за Range Roveru Evoque, луксузен СУВ, кои на патиштата е присутен од 2011 година. И денес многумина го сметаат за најубав СУВ модел на пазарот.

Очигледно дека убавината има покритие и со маневарски особини.

Би било интересно да видите како дотичниот ги совладува препрекитенеговата кинеска копија.

 

 

 

20.12.2017 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега