Намерно турнат или случајно оставен: Како џипот на Весна Петрушевска заврши во Вардар?
Како се случи автомобилот на Весна Петрушевска да заврши во водите на Вардар е дилема чиј одговор полицијата се уште не го соопштува.
Актерката за повеќе медиуми децидно тврди дека автомобилот бил со крената рачна кочница и заклучени врати. Како завршил во водата иако бил паркиран прилично далеку од кејот, Петрушевска се уште не знае. Информации нема ни полицијата.
Интересно беше што автомобилот додека пловеше по реката имаше вклучени светла но и трепкачи, а беше отворен и ѓепекот.
Оние кои повеќе ги разбираат автомобилите велат дека тоа и не треба да зачудува бидејќи има возила кои при удар ги палат трепкачите, ја отвораат петтата врата а понекогаш ги вклучуваат и фаровите.
Дали тоа е причината поради која автомобилот на Петрушевска со запалени светла пловеше по Вардар дополнително ќе се утврдува.
Петрушевска на ја отфрли ниту можноста автомобилот намерно да бил турнат во реката или пак дека станува збор за кражба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа