Прилеп: Чувал дома над 2 милиони денари - вчера му ги украле
Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Прилеп при што одзел евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари.
Сторителот, синоќа во период од 19 до 22:30 часот со употреба на погоден алат влегол во куќата сопственост на М.Г. (47) во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги одзел парите и заминал во непознат правец.
Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
19.12.2017 - 18:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа