Едно лице приведено на протестот на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце

 

Едно лице е приведено по интервенцијата на полицијата на граничниот премин Табановце каде што попладнево се одржуваше протест на ВМРО-ДПМНЕ за приведените за настаните од 27 април.

Порталот Курир јавува дека полицијата сакала да го спречи протестот и да ги растера насобраните граѓани, кои одбиле да си заминат. Во турканицата, едно лице спореди информациите од присутните било приведено од полицијата.
Од МВР се уште не може да се добие официјална информација.

Видеото погледете го тука

 

 

 

19.12.2017 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега