Битолачнка украла туѓа платежна картичка и си ги платиле сметките за струја

 

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 38-годишната Д.К. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. 

Како што стои во соопштението на МВР, Д.К. на 01.06.2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на 41-годишната В.Ш. од Битола. Преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја имала најдено, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.

 

 

 

18.12.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега