На Царина запленета стока со вредност од околу 4,6 милиони денари

 

Царинската управа во текот на изминатите три седмици открила повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено задржала облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.

„50 штеки цигари и 6.600 запалки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на две возила со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.  905 готови текстилни производи (комплети тренерки, дресови и фармерки), со ознаки на заштитени трговски марки, се откриени при контрола на македонски камион натоварен со стока со потекло од Турција. Освен ова, запленети се 109 ташни, 152 торби, 196 капи и 67 пара очила, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока со потекло од Бугарија. Пазарната вредност на производите е проценета на околу 4,6 милиони денари, доколку би се продавале како оригинали“, информираат од Царинската управа и додаваат дека против неколку лица се поведени прекршочни постапки.

Облека, обувки и модни додатоци со вкупна вредност од над 11 илјади евра се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патни торби на македонска државјанка. Освен ова, запленети се и кафемати, но и 4 мобилни телефони.

 

 

 

 

18.12.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега