Мистериозен леш од угинато животно на брегот од морето во Хрватска

Кај хрватското место викано Оребиќ на брегот од морето, утринава беше забележано необично суштество, и со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи.

Хрватските портали ја пренесоа веста која најпрво ја објави корисник на Фејсбук, Ивица Трајановиќ.

Трајановиќ навел дека угинатиот цицач, долг околу 5 метри и тежок сигурно повеќе стпотина килограми, е веќе во фаза на распаѓање, а веројатно на брегот го донеле силните ветрови.

Тој напишал и дека вакво нешто не е досега забележано на ова подрачје, додека останатите корисници на Фејсбук коментираа дека најверојатно се работи за некоја врста на кит.

 

 

 

18.12.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега