Забранети снимки: Застрашувачки нуклеарни тестови изведени за време на Студената војна! (Видео)

Националната библиотека Ливермон од Калифорнија објавила колекција од 60 снимки на американски нуклеарни тестирања, кои досега не објавени во јавноста.

Снимките покажуваат застрашувачката моќ на оружјето со кое може светот да го збрише во случај Студената војна да тргне на полошо.

Можат да се видат тестови кои се изведувани од 1945 до 1962 година во време кога САД и СССР тестираа јаки и моќни системи на нуклеарно оружје

Физичарот Грег Спригс планира да анализита и дигитализира околу 10.000 клипови кои прикажуваат околу 210 нуклеарни тестирања.

"Јавноста има право да ги знае овие снимки. Не само да ја криеме и чуваме историјата туку ќе добиеме многу одговори на наши прашања", рекол.

Објавените снимки покажуваат тестирања во пустината Невада и на острови на Пацифик, вклучувајќи ја операцијата Доминик, Хардтерк, Редвинд и други.

 

 

 

17.12.2017 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега