Дарко Станиќ се враќа во Скопје: Овој пат во „црвено-црно“

Српски „Журнал“ пренесува дека српскиот голман и поранешен член на Металург, Дарко Станиќ од наредното лето ќе го облече дресот на европскиот првак, Вардар.

Искусниот 39-годишен чувар на мрежата наводно ставил потпис на едногодишен договор со „црвено-црните“, а од наредната година ќе го формира српскиот тандем заедно со Страхиња Милиќ. Тоа се одлични вести за вардарци, ако се земе предвид дека Арпад Штербик заминува во Веспрем на крајот од тековната сезона.

Станиќ стоеше на голот на Металург од 2011 до 2014 година, па ова нема да биде негова прва авантура во Македонија.

 Извор: Гол.мк

 

 

 

11.12.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега