ВМРО-ДПМНЕ вечерва зад затворени врати решава за оставката на Груевски

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучува зад затворени врати за оставката на досегашниот лидер на партијата, Никола Груевски. На седницата денеска треба да се потврди одлуката за вонреден конгрес на партијата што ќе се одржи во Валандово на 23 декември.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја образложи оставката.

За кормилото на партијата прв се огласи Филип Петровски, а неофицијално се споменуваат и имињата на Христијан Мицкоски, Илија Димовски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски.

 

 

 

10.12.2017 - 17:42
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега