Украл цел арсенал пиштоли и пушки од продавница во Скопје - полицијата го бара

Во 13 часот и 30 минути било пријавено дека во временскиот период од 07 до 09 месецов во Градскиот трговски центар во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали, при што одзел 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Диана Класик“.

Потоа, сторителот избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

10.12.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега