Драма во хотел во Илинден: Дивеел со нож во рака и кршел се пред себе

Во 21 часот и 30 минути во полициска станица синоќа  било пријавено дека во хотел во населбата Илинден, гостин почнал да дивее и да се заканува со нож.

Полицијата денеска информира дека лицето почнало да крши дел од инвентарот од ресторанот на хотелот и во еден момент кога вработените избегале во кујната, зело нож и почнало да замавнува кон нив.

Потоа заедно со негов пријател со кој биле во хотелот, со возило го напуштиле местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.12.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега