Викендов жените ќе се покажат во ракомет на песок

 

Во организација на Град Скопје и во соработка со Ракометниот клуб „Работнички“ и Ракометната федерација на Македонија, од денеска до недела ќе се одржи првиот турнир во ракомет на песок во Македонија во женска конкуренција.

Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште на песок на Градската плажа „Парк“ во термините од 18 часот до 23:30 часот.

Во рамки на турнирот во женска конкуренција, ќе се натпреваруваат 6 младински екипи, а финалистите за првите три награди ќе се борат в недела. Овој турнир, како и првиот машки турнир во ракомет на песок, што се одржа минатиот викенд, е со цел промоција на нови спортови во Македонија, што се веќе популарни  во светот.

Ракометниот клуб Работнички по повод 65-одишниот јубилеј организира низа спортски манифестации под покровителство на Град Скопје.

РК Работнички за прослава на јубилејот, а по повод 8 Септември, ќе организира и сениорски ракометен турнир, со меѓународен карактер. Веќе се пријавени три домашни супер лигашки екипи.  Шеесет и петтиот  роденден РК Работнички ќе го прослави на 23 септември оваа година.

Покровител на турнирот е градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

30.08.2013 - 08:54

најчитано сега