Легло на бактерии - ова се највалканите места во домот

Нашиот дом е мало легло за бактерии, а некои од предметите во него секојдневно ги користиме, но не знаеме дека саѓаат во листата на највалкани предмети. Проверете кои се:

Држачот на четкичката за заби– Само неколкумина ја приметуваат водата која се слева по држачот, после миењето. На дното од чашката, можете да забележите рѓа и нечистотии. Задолжително чистете го држачот на четката за заби за да избегнете бактерии на горниот дел на четката, а со тоа да избегнете и бактерии во вашата уста.

Прекинувачите за светло– Бактериите најчесто се пренесуваат со допир, а сите ги допираат прекинувачите за светло. И најчесто да ги миете рацете, не заборавајте редовно да ги исчистите и нив.

Кутиите за сол и бибер–  Немојте само да ги дополнувате додека се празни. Темелно измијте ги, истакнуваат истражувањата на Универзитетот во Вирџинија бидејќи во нив се концентрирани  најголемиот број вируси.

Кваките за врати и рачките за прозорци– Кога ги чистите вратите и прозорците, не заборавајте да ги исчистите и рачките и кваките. Дури и почесто, имајте во план да ги чистите кваките и прозорците, бидејќи со оглед на честите допири тие се најголеми легла на бактерии.

 

 

 

07.12.2017 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега