Чичаковски одлучи да ги донира бонусите

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски средствата од бонусот за локалните избори во износ од 260.000 денари ги донирал во граѓанската организација „Полио плус – Движење против хендикеп“.

Средствата ќе бидат искористени за унапредување на политичката партиципација на лицата со попреченост.

- Вчера имав средба со претседателот на ДИК. Ние не сакавме бегла и гола донација без значење. Се договоривме средствата да бидат искористени за унапредување на политичката партиципација на лицата со пореченост, но договоривме соработка со него како човек кој има големи познавања од областа на изборите, рече претседателот на „Полио плус“ Звонко Шаврески.

Тој информираше дека Чичаковски средствата ги уплатил денеска на сметката на оваа граѓанска организација.

Пред неколку денови американскиот амбасадор Џес Бејли изнесе информација дека членовите на ДИК поделиле бонуси по одржаните локални избори во октомври годинава. По оваа информација членовите на ДИК решија бонусите да ги вратат или да ги донираат. 

 

 

 

07.12.2017 - 12:34
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега