Вооружен грабеж на банка во Струга

 

Непознато лице вчера извршило оружен грабеж на банка во Струга. Според СВР, одземени се 60.000 денари, а разбојништвото е пријавено околу осум часот утрото.

Сторителот со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во експозитура на „ТТК“ банката на улицата „Пролетерски бригади“, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Од неа побарал во најлон кесата што ја имал да ги стави парите, по што излегол низ влезната врата и се изгубил во непознат правец.

На лице место е извршен криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот

 

 

 

06.12.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега