Видео: Уапсен е поранешниот претседател на Грузија кој се закани дека ќе скокне од зграда

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, кај кој грузиската полиција дошла со цел да направи претрес на станот, се качил на кровот на зграда и се заканувал дека ќе скокне.

Политичарот зборувал дека ако некој го допре ќе скокне од зградата. До станот дошле и спасувачи и доктори. Еден од соработниците на претседателот на Грузија бил хоспитализиран поради скршеници на рацете и нозете.

Како што соопшти украинската агенција UNN, повикувајќи се на извори, претресот се врши заради сомнежи дека протестните акции во кои учествува политичарот го финансира окружувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович.

 

 

 

05.12.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега