Владата го усвои предлог законот за амнестија

На денешната седница Владата го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија.

Владата го задолжи Министерството за правда да го преработи текстот на Предлог-законот за амнестија, како текст на предлог-закон кој се носи во редовна постапка и да предвиди одредба со која ќе биде дефиниран датумот, дека истиот се однесува за кривични дела предвидени со одредбите од овој предлог - закон сторени до 20.9.2017 година.

Владата, како што соопшти прес-службата, ја истакна потребата од организирање јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда истите да ги организира по текстот на одредбите од Предлог-законот, и пред Владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог-законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати

 

 

 

28.11.2017 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега