Училиште од тетовско остана без 72 компјутери
Вчера било ограбено основно училиште во тетовско.
Се работи за основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ лоцирано во Желино-тетовско каде непознат сторител извршил тешка кражба.
Крадецот успеал да одземе 72 лап-топ компјутери и 69 адаптери.
Со тоа, крадецот направил материјална штета од 900.000 денари.
Полицијата работи на расчистување на случајот.