Хрватската водителка Диана Чуљак обвинета за корупција

 

Обвинителството во Загреб покрена обвинение против поранешната телевизиска водителка Диана Чуљак, нејзиниот поранешен сопруг Владимир Шелебај и четири други лица за проневера на милиони куни од продуцентските компании „Кор Медиа“ и „Медиа Спорт“  од 2004 до 2008 година, пренесува БТА.

Обвинителството наведува дека Шелебај, Чуљак и едно друго лице потпишале договор за тајна компанија во 2004 година, со цел да ја прикријат вистинската сопственичка структура и меѓусебно го поделиле профитот. Шелебај и Чуљак заедно со компанијата „Кор Медиа“, истовремено управувале и со „Медиа Спорт“.  

Тие се договориле со едно лице да издаваат фиктивни фактури на овие компании со провизија од 5 до 7 проценти. Меѓу 2007 и 2008 година поранешната семејна двојка се договориле со две други лица да најдат компании на кои ќе им доставуваат фиктивни фактури за провизија од 5 отсто.

Групата е обвинета за злоупотреба и оштета на државниот буџет, злоупотреба на службена позиција и економски криминал. Чуљак, исто така, е обвинета и за обид за поткуп на сведок.