Драч дадено под концесија

 Едно од ретките државни претпријатија кое до сега, остана неприватизирано, најголемото албанско пристаниште Драч, дадено е под концесија, пренесува МИА.

Тендерот објавен за време на изборната кампања во Албанија, е завршен со избор на еден победник. Станува збор за конзорциумот „Betailigunszelshaft MBH “ „ Global AlbaniaNetworkind  “  „ Albanian FerryTermnal Operator “. Според договорот конзорциумот е надлежен за управување, изградба, одржување, техничко унапредување како и адаптација на пристаништето со цел тоа да ги исполни постојните и идните побарувања за сообраќај во терминалот за траекти во пристаништето Драч.

Се дознава дека пристаништето под концесија е дадено за 3,2 милиони евра со план за инвестирање од 4,15 милиони евра. Останува уште компанијата „ Albanian FerryTermnal Operator “, која ќе управува со пристаништето  до Министертвото за транспорт и јавни работи да достави документација со која се потврдува осигурувањето на договорот, како и банкарски документ за извршената уплата ана 3,2 милиони евра.

Во февруари годинава турската компанија „Курум интернешнл“ доби 35-годишна концесија за терминалот на контејнери во Драч, која според договорот ќе стопанисува со терминалот во наредните 35 години.

- Давањето под концесија на терминалот во Драч многу ќе влијае на развојот на пристаништето. Врз основа на договорот Компанијата „Курум“, која кај нас е позната по производството на челик, ќе инвестира 35 милиони долари за осовременување на терминалот, изјави тогаш министерот за транспорт и јавни работи Сокол Олдаши.

Според министерот, 21 отсто од приходите на концесионерот ќе се слеат во касата на пристанишните власти во Драч, два отсто во владината каса додека останатите, 77 отсто остануваат кај концесионерот.

Инаку, албанското пристаниште Драч се смета за  единствениот најблизок пат за излез на Македонија во Европа. Со изградбата на автопатот Руга е Арбрит(Патот на Арбр) кој Тирана ја поврзува со Дебар и за стотина километри го скратува патот до Драч се очекува македонските компании многу повеќе да го ползуваат ова пристаниште.

29.08.2013 - 13:41

најчитано сега