Грција нема да “преживее“ без нов пакет финансиска помош

Експертите стравуваат дека Грција од 2014 година нема да може да функционира без нов пакет финансиска помош, анализира Дојче веле и додава дека и покрај строгите политики за штедење и сите други мерки, на Грција сепак повторно ќе и треба финансиска помош.

Според проценките на министерот за финансии Јанис Стурнарас, на Грција и требаат дополнителни 10 милијарди ерва кои не би требало да бидат дел од пакет помош за земјата, туку „помош за стопанството“ која не би била условена со нови мерки за штедење, објавува МИА.

Аналитичарот Макис Андронопулос за Дојче веле изјавил дека е јасно оти на Грција ќе и треба нова финански помош.

- Бројките се фиксни и покажуваат дека во грчкиот буџет ќе се појави дупка од пет до 10 милијарди евра, во зависност од тоа како ќе се движи стопанскиот раст, истакна Андронопулос.

Според него, доколку во 2014 одина продолжи длабоката рецесија на грчката економија, можеби ни 10 милијарди нема да бидат доволни.

И покрај мерките за штедење, грчкиот долг сега изнесува повеќе од 320 милијарди евра, а таа сума Атина нема да може да ја отплати ниту за 60 години, пишува Дојче веле.

Од друга страна, провладиниот весник „Катимерини“ пишува дека грчката Влада смет оти економската ситуација во земјата дава повод за оптимизам и дека рецесијата годинава ќе биде помала од очекуваното.

- Последните случувања во економијата се позитивни и се надевам дека тој тренд ќе продолжи, изјави синоќа Стурнарас.

- Од фискална гледна точка, се оди според планот. Освен тоа, податоците за продуктивноста, особено во областа на туризмот, даваат повод за оптимизам дека ако продолжиме со истиот курс, националниот производ оваа година ќе ги надмине очекувањата, рече грчкиот министер за финансии.

29.08.2013 - 11:57

најчитано сега