Насилници со нож оперираат во Скопје - два викенди по ред на мета се деца

Откако минатиот викенд неколку деца беа нападнати и ограбени со закана со нож, на булеварот Партизански одреди, и на Плоштад, и овој викенд насилниците „удрија" по децата.

Пријавени се два случаи во кои се нападнати три деца во Скопје.

Полицијата информира дека во 18 часот и 20 минути пријавено e дека во Скопје на булеварот “Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над 19-годишниот П.П. на кој пред да избегаат крадците му зеле 300 денари.

Исто така, за време на викендот во полиција е пријавено дека во 18 часот и 45 минути на булеварот „Партизански Одреди“ на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, од страна на две непознати лица со закана со нож било извршено разбојништво над 19-годишниот А.Т. и уште едно 17- годишно лице.

Им биле одземени по 200 денари по што насилниците избегале.

 

 

 

20.11.2017 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега