Како проколнати - ова се трите најбаксузни хороскопски знаци

Ви претставуваме три хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат се прашуваат што згрешиле, па постојано ги бие толкав малер.

Сите понекогаш имаме впечаток дека сме родени под лоша ѕвезда и дека немаме среќа во животот. Хороскопот ни открива дека има вистина во тоа и зошто е така.

Ви ги претставуваме трите хороскопски знаци кои најчесто си го поставуваат тоа прашање и зошто ги прати таква судбина.

ДЕВИЦА: Девиците се вешти во решавањето на туѓите проблеми и советувања, но самите на себе не можат да си помогнат. Кога се нервозни, тие чистат, гланцаат, полираат, рибаат, па животниот простор им е толку стерилен пто се чувствуваат по малку непријатно, напнато и неудобно.

Склони се се уредно да пакуваат по фиоките, етикетираат, сортираат, а кога нешто ќе ги спречи во тоа, запаѓаат во паника. Животот константно непријатно ги изненадува. Само што ќе помислат дека се средиле, на тепихот ќе се истури чаша вино.

Целиот живот им минува во исправање на „криви дрини“, па често го прашуваат Бог што му згрешиле.

ВАГА: Тоа што вагата најмногу ја загрижува и нервира е неправдата. Ја гледаат секаде околу себе, а често ја чувствуваат на сопствена кожа и секогаш постои нешто што им го вознемирува мирот и среќата. Спаѓаат во оние кои прво ќе кажат, а потоа ќе размислат и тоа со денови како можеле така да постапат и што би било, кога би било.

Им одговараат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен, па така никогаш не се помируваат со знаците на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди на светот. Исклучително сакаат да играат детективи, да откриваат неверства, да ги демаскираат луѓето кои лажат и преварантите, само проблемот е во тоа што се сфаќаат лично и при срце.

За нив и самиот факт дека постојат лоши луѓе е лична навреда. Кога ги решаваат туѓите проблеми тие ги доживуваат како свои. Се сметаат себе за емпати, но големо прашање е колку се во состојба да излезат од сопствениот свет и да ги согледаат работите поинаку.

РИБИ: Рибите самите на себе си се проклетство. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие во нивната глава имаат зацртано како нивниот живот треба да изгледа и како совршениот свет треба да функционира. Бидејќи со тоа постојано реалноста им се спротивставува, тие се способни таа иста реалност во пијана состојба да се обидат да ја претепаат.

Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, секогаш ќе се обидат на сила да го донесат проблемот на своја територија, во својот свет во кој владеат поинакви закони на физика, математика, духовност. Ова особено е изразено кога се под дејство на алкохол или се понесени од емоции.

 

 

 

17.11.2017 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега