Верување старо со векови: Започнаа волчјите денови - придржувајте се до обичаите

Празникот Мартинци што како и некои други празници во народот се среќава со разни имиња (Мартинија, Волчји празник и сл.) се врзува со различни датуми. Трае различно еден, три денови но најчесто е поврзан со 14. ноември според стариот, односно со 27 ноември според новиот календар. Со овој празник најчесто се поврзани повеќе обичаи со кои му се врзува устата на волкот да не ја јади стоката, поради што и се наречува Волчји празник, иако на волкот за да не прави пакос му се држат и други денови во годината.

Очигледно во минатото во регионите каде што било развиено сточарството народот изведувал многу обичаи што имале цел да ја заштитат стоката од крвожедните животни, особено од волците.

Според народните верувања, од 16 ноември, па сè до 24 ноември, временските прилики ќе укажат каква ќе биде претстојната зима.

Имено, ако деновите бидат магловити, зимата ќе биде променлива и маглива, а ако бидат ведри зимата ќе биде оштра со доста мраз!

Овие денови се нарекуваат и Волчји денови.

Во ова време ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат, а жените не работат рачни работи.

 

 

 

17.11.2017 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега