Девет загинати во судир на камион и минибус во Бугарија

Девет лица загинаа, а 19 се повредени во судир на минибус и камион на автопат во централна Бугарија, соопшти тамошната полиција.

Меѓу настраданите е и возачот на автобусот кој враќал група на слепи лица од екскурзија во градот Дрјанов, а некои од повредените се во критична состојба.

Несреќата се случила нешто после пладне на автопатот од Софија до Варна, пренесува „Ројтерс“.

Бугарија со 7.1 милион жители, го држи рекордот по смртност на патиштата во Европската унија.

За првите 10 месеци оваа година на бугарските патишта загинале 535 лица.

 

 

 

17.11.2017 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега