Нов терористички напад во Дамаск

 

Терористички напад беше извршен денеска во близина на сириското Министерство за внатрешни работи во Дамаск.

Според државните медиуми, има голем број убиени и ранети.

Најмалку петмина цивили загинаа во вчера обид за атентат врз сирискиот премиер Ваел Надер Ал Халки кој не беше повреден во нападот врз неговиот конвој возила во центарот на Дамаск.

Во обидот за атентат според опозицискии тврдења загинал и телохранителот на премиерот, а тројца се повредени.

Сирискиот премиер нападот го оцени како доказ за пропаѓањето и чувството за немоќ на бунтовниците и „земјите кои ги поддржуваат“.

- Овие терористички напади само ќе не направат порешителни, да работиме за враќање на безбедноста и стабилноста во земјата, изјави Халики на седница на владината Комисија за економија што се одржа по бомбашкиот напад.

најчитано сега