Протест за случајот во „Диво Насеље“, Албанците бараат правда од Виена

Група Албанци во Австрија протестираа на улиците во главниот град Виена, против осудата на Кумановската група од Македонската правда, пренесува „Тоp Channel“.

На протестот се држеа банери на барање за ослободување на осудените лица, обвинувајќи ја Македонија за шовинистичка држава.

Нивниот протест се случи 10 дена откако Основниот суд во Скопје ги осуди 746-годишни припадниците на Кумановската група, обвинети за тероризам за настаните од 9 и 10 мај во Диво Насеље пред две години.

Во петокот, Косовската Влада информира дека ќе обезбеди 219.000 евра за покривање на трошоците на членовите на семејствата на осудените лица. Секое семејство, како што објасни премиерот Рамуш Харадинај, ќе добие 10.000 евра од Косовскиот буџет.

Добар дел од 37 осуденици во Скопје се од Косово и поранешни припадници на УЧК. Имаше бројни протести во Косово против одлуката на Македонскиот Суд, а самиот Харадинај го повика својот амбасадор од Скопје за консултации. Според него, е потребна меѓународна истрага за подобро да се олесни ситуацијата.

Издавачот на весникот “Koha Ditore”, Флака Сурои остро одговори на оваа одлука, велејќи дека распределувањето пари од државниот буџет на роднините на осудените лица за кривични дела во друга држава нема никакво значење.

“Имаше сериозен инцидент во Куманово, каде што 18 лица загинаа. Не разбравме со каква цел отидоа вооружени косовари таму”, пишува таа на Фејсбук.

 

 

 

13.11.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега