Во Штип гласаат болните, изнемоштените лица и осудениците

Во Штип денеска во своите домови гласаат болните и изнемоштени лица за вториот круг на локалните избори. Според претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева своето право на глас го остваруваат 138 болни и изнемоштени лица, или за разлика од првиот круг бројката е зголемена  за 50 лица.

Претседателот на избирачкиот одбор на  избирачкото место во Затвор –Штип, Трајко Јолев вели дека денеска право на глас имаат вкупно 111 осуденици, а гласачкото место е отворено во седум часот. Во затворите во земјава право на глас имаат само оние осуденици на кои адресите на живеење во личните документи  им се во 35-те општини, каде што се спроведува вториот круг на локалните избори.

– Гласачкото место е отворено во седум часот. Право на глас имаат 111 лица, а досега имаат гласно околу 40 проценти од лицата кои имаат право на глас. Проблеми немаме, се е во ред, а не посетија и од ОБСЕ, вели Јолев.

Во Штип утре  право на глас имаат  42.083 граѓани, а  ќе се гласа на вкупно 80 избирачки места. Во источна Македонија во недела ќе гласаат вкупно 90.727 граѓани на  223 избирачки места, а втор круг на Локалните избори има во општините Штип, Пробиштип, Карбинци, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и Македонска Каменица.

 

 

 

28.10.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега