Котевски: Сведоци сме на сеење на страв, уцени, злоупотреби- бидете храбри и не потклекнувајте
Изминатите десетина дена сме сведоци на сеење на страв, агресија, заплашување, уцени, злоупотреби, истакна Лазар Котевски, кандидат за градоначалник на општина Новаци од ВМРО-ДПМНЕ.
-Особено голем притисок се врши врз вработените во РЕК Битола. Им се закануваат да не излегуваат на гласање или да гласаат за СДС, во спротивно ќе ги сменат од работните места или ќе ги избркаат од работа, рече Котевски и додаде:
„Стотици граѓани ни се јавуваат и ни кажуваат дека се плашат за нивната безбедност, за нивното работно место, но ве молам немојте да им се плашите.
Никогаш немојте да заборавите дека ВМРО тече во вашите вени и е дел од вашите животи. Ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на сите предци, да му ставиме крај на сето ова. Да си ја зачуваме општината. Да се обединиме и да продолжиме таму кај што застанавме. Бидете храбри и не потклекнувајте“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа