Груевски: ВМРО-ДПМНЕ покажа како се штитат државните интереси - продолжуваме со напорите за напредок

 

ВМРО-ДПМНЕ покажа како се штитат државните интереси, потенцираше денеска премиерот Никола Груевски откако вчера во Клубот на пратеници се потпиша Извештајот за настаните од 24 декември со правни квалификации по желба на СДСМ.

„Кажав се што имав да кажам за партискиот извештај за СДСМ. Ние продолжуваме со реформи и со напорите за напредок“, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Груевски во саботата и понуди на опозициската СДСМ да се соочат на избори пред Извештајот на Европската Комисија на 13ти октомври. Но откако СДСМ децидно одби, Груевски прифати потпишување на извештај по желба на СДСМ за да не се загуби позитивниот извештај од Европската Комисија и препораката за преговори за членство. Претставникот на владејачката апртија во Комисијата, пратеникот Илија Димовски вчера го спореди документот со Палома хартија.

27.08.2013 - 14:14

најчитано сега