НДП и Унитети го напуштија Села: Во гостивар ќе го поддржат ДУИ

 

Алијанса на Албанците (НДП и Унитети) ќе му даде поддршка на Невзат Бејта од ДУИ во градоначалничката трка за Гостивар. Преку соопштение НДП истакнува дека ќе продолжи со поддршката на владејачката коалиција, од која, според нив, само ДР-ДПА одлучи да прави коалиција со опозициска партија.

Поддршката за Бејта индиректно е искажана во третата точка од одлуката на Централниот комитет.

„НДП е дел од владејачката коалиција СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците (НДП и УНИТЕТИ) и ДР-ДПА, а оваа коалициона влада остана силна и на крајот на овие локални избори, и покрај фактот дека еден од партнерите во неа ДР-ДПА, одлучи да направи уште една коалиција, четврта по ред, која сé уште не е разведена од претходната коалиција“, пишува во третата точка на соопштението објавено на официјалната веб страница на НДП. 

 

 

 

24.10.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега