Скопјанец нападнат со нож поради паркинг место

Скопјанец нападнат со нож поради паркинг место.

Од МВР  известуваат дека вчера во 21 часот и 20 минути 43- годишниот А.Н пријавил дека пред својот дом на улица „Миладин Поповиќ“ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед 30- годишниот З.З кој при нападот имал нож во раката.

Во полицискиот извештај се вели дека откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот на З.З. му паднал ножот, а го кренала сопругата на А.Н.

При обидот З.З. да и го одземе си нанел расекотина на раката, меѓутоа не успеал во намерата. Причина за нападот е тоа што пријател на А.Н., кој бил кај него на гости, го паркирал своето возило на уличката по која требало да помине З.З. и изреволтиран од тоа што требало да го почека пријателот на А.Н. да излезе и да го препаркира возилото, го нападнал оштетениот.

 

Извршен е увид и ножот е одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.10.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега