Коневски: Ќе создадеме нова зелена оаза со голем број садници, пешачки патеки и детски игралишта

 

Ивица Концевски кандидат за градоначалник на Аеродорм од редовите на ВМРО – ДПМНЕ вети дека ќе изгради нов зелен парк зад зградата на ФФМ, покрај кејот на Вардар.

-На површина од 10 хектари ќе создадеме нова зелена оазасо голем број садници, пешачки патеки и детски игралишта. Во срцето на Горно Лисиче жителите на нашата општина ќе добијат место за релаксација наменето за сите генерации. Општина Аеродром веќе неколку години ја следи епитетот “спортска престолнина“. И тоа не е случајно, туку плод на интезивна работа, надминување на огромни пречки од минатото и многу вложување во спортот. Само некој што е способен бескомпромисно да лаже ќе рече дека тоа не е така.Овозможивме спортистите да работат во идеални услови, изградивме спортски сали, спортски игралишта за младите, Спортскиот Центар од светска класа – Јане Сандански и Спортскиот Центар – Ново Лисиче. Во иднина продолжуваме со изградба на прв затворен базен со ватерполо димензии, современ фитнес центар во Ново Лисиче, и Спортски Тениски Центар чии модерни услови ќе овозможат за прв пат во нашиот град и нашата држава да се играат АТП турнири. Нашиот Аеродром ќе добие уште едно  место каде ќе доаѓаат светски познати спортски имиња. Тоа ќе го зголеми нашиот углед како спортска општина, и што е најважно, ќе ги мотивираме децата и младите да се посветат на некој од спортовите. Јас сум жител на оваа општина, тука ги растам и моите деца. Предизвиците со кои се соочувате вие и вашите семејства, се истите оние со кои се соочувам јас и моето семејтво. Не сум сигурен дека и мојот политички опонент го живее нашето заедничко секојдневие последниве 30 и нешто години, инаку ќе знаеше дека ние сме првите и единствените кои се зафатија со решавање на најтешките проблеми, за кои инстант решенија не постојат, затоа што доколку постоеа, ние веќе ќе ги имавме рализирано! Не знам кому служи обидот да се намали значењето на изградбата на преубавите паркови, сето тоа зеленило, преку 50.000 нови садници, кои на долг рок ќе донесат огромен бенефит за сите! Срамно и недостоинствено е да се манипулира со граѓаните, наместо да се понудат реални решенија и конкретни проекти, истакна Коневски.

Тој додава и дека нивен приоритет остануваат- чистотата и најголемите инвестиции во зеленило кои општината може да ги сервисира, изградбата на нови и реконструкција на веќе постојните улици, булевари, пешачки и велосипедски патеки. Ќе продолжиме со проектот за обнова на сите дотраени и оштетени фасади. Ова се само дел од проектите и работата што не чека.

 

 

 

 

13.10.2017 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа