Трајановски: Ново сообраќајно поврзување за Аеродром преку изградба на нов мост на Вардар

 

Нови и модерни сообраќајни решенија во насока на подобрување на сообраќајот во Скопје е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за наредните 4 години.

Едни од капиталните проекти за подобрување на сообраќајот во Скопје е изградбата на нов мост на реката Вардар и поврзување на Аеродром со централното градско подрачје.

Деталите за овој капитален проект денеска на прес-конференција ги соопштија кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

- Во моментов жителите на општина Аеродром имаат само две поврзувања со централното градско подрачје, а тоа се булеварите Јане Сандански и Трета Македонска Бригада преку раскрсницата кај Тутунскиот комбинат. Овие две сообраќајни артерии се премалку за да ги задоволат потребите на жителите на Аеродром и секој ден сме сведоци на големи сообраќајни метежи кои што се создаваат.Во таа насока, еден од приоритетите во овој 4 годишен мандат е изградба на уште едно сообраќајно поврзување на општината Аеродром со повеќе општини, преку изградба на нов мост на реката Вардар. Овој капитален мега проект, кој има проектирана вредност од над 8 милиони евра, предвидуваме изградба на нов мост од булеварот АСНОМ, кај спортската сала „Јане Сандански“ и негово поврзување со улицата „Беласица“ во близина на Скопскиот саем, кое ќе биде со должина од над 1 километар. Со изградбата на оваа нова сообраќајница. Аеродром ќе добие ново поврзување со централното градско подрачје, каде на граѓаните ќе им се зголеми поврзаноста со општините Центар, Чаир и Гази Баба. Со ова сообраќајно решение Аеродром ќе добие нова сообраќајно поврзување и алтернатива, а со тоа ќе се надминат сообраќајните метежи со коишто се соочуваат жителите во моментов.

 

Во насока на подобрувањето на сообраќајната поврзаноста на жителите на општина Аеродром, во изборната програма на кандидатот за градоначалник за Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се предвидени поголем број на проекти, како што е поврзувањето со општина Кисела Вода преку изградбата на улицата „Есенинова“, како и двете поврзување со булеварот „Трета македонска бригада“ преку пробивањата на улиците „Васко Карангелески“ и „Борис Кидрич“.

 

 

 

12.10.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа