Марин: Нова пречистителна станица во Ново Лисиче и проширување на градинката

Проширување на капацитетот на детска градинка и нова пречистителна станица за решавање на проблемот со отпадните води во Ново Лисиче се меѓу главните ветувања на кандитатот за градоначалник на СДСМ за скопската општина Аердром, Златко Марин за жителите на оваа населба.

Миризбата која се чуствува од реката и претесната градинка долги години ги мачат граѓаните и тие ќе бидат приоритет. Марин ветува и нов пазар, замена на старите дотраени азбестни кровови и проширување на булеварот АСНОМ.

Во програмата на Марин е предвиден и пакет за миленици кој е барање на граѓаните, но и нов општински стационар со кој конечно ќе почне да се решава проблемот со уличните кучиња.

Во соработка со Град Скопје и централната власт, Марин ветува решавање на проблемот со загадувањето, кој во овој дел од населбата е особено изразен, а воздухот речиси отровен во зимските периоди. Марин ја критикува локалната власт дека со години не се посветуваше на горливите проблеми туку се фокусираше само на нови градби и згради кои дополнително го влошија квалитетот на животот во општина Аеродром. 

 

 

 

08.10.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега