Тоневски: Пробиштип ќе добие пречистителна станица, ќе се вложува максимално во сите области

Пробиштип ќе добие нови детски катчиња, ќе добие пречистителна станица за отпадни води, ќе се инвестира во инфраструктурата и културата и во сите области, ова вечерва во својот говор на митингот во Пробиштип го истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.

– На 15ти октомври повторно ќе избереме дела, ќе избереме проекти, ќе избереме програма со нови инвестиции за уште подобар Пробиштип. Драги мои сограѓани 8 години работевме заедно, 8 години се посветивме заедно и ги вложивме сите сили да го промениме градот, да ги промениме и селата и успеавме. Дозволетеми, од овде од овој голем митинг, уште еднаш да ви се заблагонарам на вас граѓаните на Пробиштип за огромната поддршка и доверба која ми ја дававте, како и вашето вклучување и соработка на реализирање на сите проекти. Сите заедно постигнавме многу, изградивме филтер станица, гратски пазар, градска капела, нови водоводи во Ратавици, Лесново, Кундино и други, гиу асвалтиравме речиси сите неасвалтирани улици во градот а многу асвалтиравме и во селата. Изградивме нови спортски терени, нови спортски сали, инвестиравме во детски градинки, во училиштата, инвестиравме и во туризмот. Изградивме нови индустриски зони, вложувавме максимални напори за поголем економски развој на Пробиштип. Секаде каде што вие, граѓаните, жителите на Пробиштип имате секојдневна потреба заедно покаѓавме како се сака Пробиштип на дело и же продолжиме со уште посилно темпо. Токму затоа во наредните 4 години со голема поддршка од советот ќе продолжиме со инвестиции токму во подобрување на инфарструктурата, ќе продолжиме на доасвалтирање на неколкуте неасвалтирани улици во градот, ќе ја реконструираме улицата Илинденска, Павел Шатев, Трети април, ќе ги изградиме уличките позади зградите на 11-ти октомври и Јаким Крчовски. Почитувани мои, сите вие добро ме познавате и добро знаете дека јас не ги заборавам помалите места, како доказ за тоа, нови улици ќе добијат жителите на Злетово, Дреново, Турско рудари, Трмош, Лезово, Трипатанци и многу други села. Ќе го реконструираме стариот цевковод и ќе автоматизираме пумпите во Ратавица, ќе изградиме водоснабдителни системи и во помалите населени места, ќе го довршиве водоводот во Турско рудари, ќе изградиме и нови за жителите на Јаниште и Дренак, рече кандидатот за градоначалник Тони Тоневски.

-Пробиштип во наредните 4 години ќе добие пречистителна станица за отпадни води, со што конечно ќе се реши еден од најголемите проблеми на жителите на нашата општина. И во наредниот период ќе продолжиме да инвестираме буквално во сите области. Во детската и социјална заштита, во изградба на нови детски катчиња, во развојот на културата, во образованието преку реконструкција на училштата и наставните средства, во спортот преку изградба на нови спортски терени, но и реконструкција на постоечките терени и со максимална поддршка на сите спортски друштва. Во туризмот каде и досега вложувавме, инвестициите во Пониква и Лесново ќе многу поголеми. Во делот на енергетската ефикасност, покрај предвидените реконструкции на објектите ќе формираме ново јавно претпријатие за производство на електрична енетргија. Ова ново јавно претпријатие со сигурност ќе даде една нова димензија и на самиот развој на Пробиштип. Ќе останеме силно посветени на локалниот економски развој. Во изминатите неколку гиодини направивме 4 индустриски зони, во дел од нив се изградија објекти кој успешно работаат, дел од нив започнаа подготовка за изградба на нови објекти и нови погони. Во наредните 4 години ќе направиме бизнис инкубатор со кој ќе обезбедиме полесни услови за почнување на нови бизниси, наменет токму за младите предприемачи. Сигурен сум дека овој бизнис инкубатор заедно со сите претходно направени услови за развој на локалната економија и зголемувањето на конкурентноста, заедно со гасификацијата на општината која ќе се случи во наредниот мандат ќе го подобрат економскиот стандард на граѓаните, истакна Тоневски.

-=Драги мои сограѓани, вие знаете дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш излегува на избори со програма, а потоа со оптчет за сработеното, знаете дека ние не сме партија која дава празни ветувања, знаете дека ние од ВМРО-ДПМНЕ работиме посветено на ветените проекти.. изборната програма е тука, и веруваме дека и вие внимателно ја имате прочитано, а ја имате прочитано и знаете дека се што е во таа програма ќе биде исполнето, затоа што знаете дека сите проекти од програмата од 2013 година се веќе реализирани. Знаете дека се реализирани и голем број на проекти кој не беа ветени но вие ги побаравте од мене, така ќе биде и во наредните четири години, заедно со вас, со постојани средби, со заеднички сили ќе продолѓиме да работиме и да ги реализираме сите ветени проекти и се што ќе биде побарано од ваша страна. Нема да го трошам моето и вашето време за да зборам за противкандидатите, само ќе кажам, СДС ја имаа 4 месеци централната власт, што направија за тие 4 месеци за Пробиштип. Со ребалансот на б уџетот се стопираа сретствата за реконструкција на патот до Крупишре и изградба на патот до Пониква, двата најзначајни проекти за Пробиштип кои требаше во текот на летото да отпочнат со реализација. Го поништија тендерот за реконструкција на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „НИкола Карев“, одбија да го постават завршниот асвалтен слој на улицата „Миро Барага“. Вака не се сака Пробиштип, вака не се сака Македонија. Пробиштип се сака со работа, со проекти, со дела,а ќе има и проекти и дела. Пробиштип ќе продолжи гордо да се движи напред затоа што сите тоа го сакаме и го заслужуваме. Ве повикувам сите на 15ти октомври да го дадете својот глас за нови проекти , за бови водоводи, за нови работни места за сите граѓани во сите населени места, да го дадете својот глас за да продолжат инвестициите, да го дадете својот глас за просперитет на Пробиштип, истакна кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски.

 

 

 

07.10.2017 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега