Снајперисти ги нападнаа експертите на ОН во Сирија

 

Eксперите на ОН кои треба да извршат истрага за употреба на хемиско оружје во Сирија, биле нападнати од непознати снајперисти и поради тоа е сменето едно од возилата, јавија западни медиуми.

Инспекторите биле на пат кон местото на наводниот напад со хемиско оружје близу Дамаск во реонот Источна Гута.

Сириската опозиција и западни држави ја обвинуваат сириската армија дека убила стотици цивили со хемиско оружје минатата недела во тој реон.

– Првиот автомобил на тимот инспектори бил погоден неколкупати од снајперисти во момент на приближување до реонот, изјави Мартин Несирки, портпарол на ОН. Нема информации за жртви или повредени.

Тој додаде дека инспекторите ќе се вратат во реонот откако ќе го зменат возилото.

Државната телевизија јави дека членовите на тимот инспектори на ОН биле нападнати од терористички групи при влегувањето во реонот на Моадамијат ал Чам, југозападно од Дамаск.

- Сириската Влада смета дека одговорни за инцидентот се вооружените терористички групи, се вели во извештајот во кој се цитира извор од Министерството за информации. 

26.08.2013 - 14:37

најчитано сега