Брутално претепано момче среде парк во Скопје

Вчера вечерта, околу 20 часот во Скопје, во паркот „Жена Борец“, десетина непознати лица извршиле насилство над 21-годишниот Д.П. од Скопје на тој начин што физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци, по што побегнале, соопштуваат од полиција.

Д.П. по нападот забележал дека му го нема и рачниот часовник. 

За настанот известени се инспектори од Единицата за насилен криминал и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.  

 

 

 

07.10.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега