Чадиев: 300 бесплатни градежни парцели за младите во Велес да изградат куќи

 

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес и актуелен градоначалник, Славчо Чадиев, денес промовираше мошне значаен проект за младите луѓе во општината.

Овој проект ќе обезбеди нови и поевтини домови за младите брачни двојки.

-Во наредниот мандат ќе обезбедиме 300 бесплатни градежни парцели кои ќе бидат наменети и понудени на младите брачни парови. На тој начин младите ќе имаат можност да го решат едно од главните, животни прашања, а тоа е обезбедување на дом за нив и за нивното семејство. Плацовите ќе бидат со површина од по 300 квадратни метри. Обезбедени се во месноста Каменот во населбата зад Костурницата, порача Чадиев.

Со овој проект кој ќе биде разработен со соодветна програма, со динамика на реализација и услови директно општината ќе им овозможи на младите луѓе од Велес кои го започнуваат својот заеднички живот да изградат сопствен дом.

-Веќе реализираните проекти на државно ниво „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“, се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ води грижа за граѓаните и нивните потреби. Сакаме ваквите добри политики за младите да продолжат во иднина и на локално ниво и тоа токму тука, во нашиот Велес, рече Чадиев.

Тој ги повика своите сограѓани на 15-ти октомври да гласаат за број 13 со што ќе го поддржат овој проект и уште 148 други проекти од неговата програма.

 

 

 

04.10.2017 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега