Постар маж силувал 18- годишна девојка во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава  против 42- годишниот И.С од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”.

Во соопштението од МВР се вели дека, пријавениот, од крајот на 2015 година до 27.09.2017 година повеќе пати ја присилувал на обљуба 18- годишната  А.Ј од Делчево.

Тој ја уценувал дека ќе објави нејзина видео снимка со порнографска содржина. И.С. исто така, се заканувал  дека ќе посегне по нејзиниот и животот на нејзините блиски од семејството.

 

 

 

03.10.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега