Димитриевски: Рестартирање на спортските комплекси во Куманово
Кандидатот за градоначалник на на коалицијата предводена од СДСМ Максим Димитриевски на денешната прес-конференција од атлетскиот полигон во Куманово промовираше дел од мерките за рестартирање на спортските комплекси во градот опфатени во Програмата со која настапува на локалните избори.
- Сакаме да порачаме дека ќе дадеме можност дополнително да се развива спортот во нашата општина, ќе го решиме горливото прашања со спортската сала во средното училиште „Наце Буѓони“. Ќе ги преиспитаме сите одлуки и директно ќе се инволвираме во општината во решавање на сите спортски комплекси во Куманово кои во моментов се земени од страна на концесионери и од страна на поранешните власти се дадени на користење, а во нив ништо не се инвестира, рече Димитриевски.
Тој истакна дека како идна власт ќе се вклучат во развојот на спортот и ќе побараат овие објекти да се дадат на општината, почнувајќи од Градскиот стадион, Соколана, спортска сала во Куманово... На овој начин, подвлече, ќе им се даде можност на младите луѓе да дадат свој допринос за развој на спортот.
- Сакаме да продолжиме и со комплетно реновирање на спомен- костурницата каде што планираме многу зелени површини, шеталишта, изјави Димитриевски.
Додаде дека насекаде во градот каде што има зелена површина ќе ја збогатат со различни содржини. Димитриевски рече дека во соработка со Владата на Република Македонија ќе инвестираат во капитални инвестиции со цел да се промени животот и односот кон спортот во градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа