Тилевски најави реконструкција на градскиот кеј во Охрид

 

Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред охриѓани најави дека доколку ја добие нивната доверба на престојните локални избори ќе го реализира проектот за целосна реконструкција на Кејот на Охридското Езеро во градот.

Како што рече Тилевски, Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика. Со предвидениот проект тој најави реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, замена на бехатон плочките, нова инсталација, ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик.

– Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија. Место каде што се судираат античката и историската култура со модерната и современа култура. Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација, изјави Тилевски. 

 

 
 
 

 

 

03.10.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега