Синоќа полиен со бензин и запален џипот на таткото на Боки 13

 

 

Синоќа во 2 часот во населбата Тафталиџе опожарен е нов џип „БМВ“. Сведоци велат дека претходно се слушнала голема експлозија.

Возилото било паркирано пред семејната куќа на Бојан Јовановски, Боки 13-ка, а било сопственост на неговиот татко.

Со брза интервенција на противпожарното возило, големиот пожар бил локализиран и не е проширен на семејните куќи и другите паркирани автомобили.

Истражните органи извршиле увид и не соопштуваат која е причината за опожарување на возилото.

 

 

 

03.10.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега