Коневски: На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат дали го ценат нашиот ангажман или веруваат на лажни ветувања
Жалосно е што не се дозволи да се одржи референдумот за бегалците, доколку тој беше на денот на локалните избори ќе се намалеа и трошоците, а граѓаните ќе имаа право да се изјаснат по ова прашање, истакна кандидадот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, кој гостуваше во емисијата „Само вистина“.
Коневски не ги коментираше анкетите за неговиот рејтинг, наспроти рејтингот на неговиот против-кандидат.
-На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат на кого повеќе му веруваат и дали го ценат нашиот ангажман или веруваат на лажни ветувања, подвлече Коневски.
02.10.2017 - 23:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа