Битолчанец зад решетки - носел илегалци од Гана и Сенегал во Скопје
Kривична пријава за 54 годишниот битолчанец И.С., кој на 22-ри месецов низ Македонија превезувал мигранти од Гана и Сенегал.
КАко што информираат од МВР, вечерта на 22. август, полициски службеници го сопреле “Голфот“ зад чиј волан бил битолчанецот и од него излегле и почнале да бегаат три машки лица.
Две од лицата биле пронајдени и по извршениот разговор полицијата утврдила дека станува збор за државјани на Гана и Сенегал кои кај себе немале никакви документи. Тие во текот на месецов илегално влегле во Македонија од Грција и имале намера негално да заминат во Унгарија. Битолчаецот требало да ги превезе од Неготино до Скопје.
И.С. си заработи мерка притвор во траење од 30 дена.
26.08.2013 - 11:40