Овој хороскопски знак љуби до крајот на својот живот

Иако се страстни и посесивни и имаат обичај да доминираат со оние кои ги сакаат сепак овој хороскопски знак кога ќе ја пронајде љубовта никогаш нема да бара друга.

Врската со Шкорпија подразбира екстреми од сите видови, од сјај и духовно подигнуање до мрак и деструкција. Тие се големи перфекционисти и некако најмногу бараат од оние кои ги сакаат.

Тешко им е да ги покажуваат вистинските чувства поради огромната самоконтрола, па многу е тешко да знаете на што сте.

Иако не сакаат да ги откриваат своите тајни, ќе напарват се за да ги дознаат вашите, за да владеат.

Не поднесуваат закани и уцени. Не делат комплименти за да ве заведат.

Кога сакаат, тогаш освојуваат со својот магнетизам. Ја презираат рутината и општо прифатените норми на однесување и најмногу сакаат да делуваат по принципите кои сами на себе си ги поставуваат.

Дури и кога се вљубени “до уши“, тешко ја изјавуваат љубовта и не идеализираат, туку се обидуваат да ја задржат јасната свест за тоа кој колку вреди.

Да очекувате дека на Шкорпијата ќе и се помати разумот од емоции, онака како што им се случува тоа на Раковите и Рибите е илузорно, бидејќи во основа не се така романтични и меки.

Кога ќе ја пронајде својата љубов, Шкорпијата ќе направи буквално се за неа. Ќе ја штити со невидена храброст и ќе ја сака незаборавно и доживотно.

Затоа не треба да ве чуди, ако запознаете Шкорпија која останала без својот партнер (тука мислиме на партнер кој починал), што и понатаму и е верна на својата љубов, бидејќи никогаш повеќе нема да се обиде да бара нова љубов.

 

 

 

02.10.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега